Државната изборна комисија(ДИК) на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на интернет-страната на ДИК и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите.
ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на винтернет - страницата на Комисијата.
Предлог - програмата за задолжителна едукација на изборните органи е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите.
„Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки“, рече Борис Кондарко, член на Комисијата.
Предлог - програмата за едукација на граѓани, как што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања
Предлог - програма за едукација на политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации.
Првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.