Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на 28.Конгрес на СДСМ што се одржува вечерва(23.3) ги објави носителите и ко-носителите на изборните листи и презентираше делови од програмата на СДСМ за парламентарните избори на 8 мај.
„СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните и ќе го забрзаат развојот на државата“, рече Ковачевски во обраќање пред сопартијците.
Во првата изборна единица, Ковачевски е носител на листата на партијата и коалицијата. Зад него е Моника Зајкова од ЛДП.
Во втората изборна единица, носител е Оливер Спасовски, поранешниот министер за внатрешни работи. Втор е Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и заменик претседател на Владата за економски прашања.
Сања Лукаревска, заменик-претседател на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи е носител на пратеничката листа во третата изборна единица. Зад неа е и Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Видете и ова: Кампања пред кампања - полни усти (не)реални ветувања„Четворката“ ја предводат Венко Филипче, поранешен министер за здравство и поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Во петтата изборна единица, носител е Јован Митрески, претседател на Собранието, а ко-носител е Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседател на СДСМ и министерка за култура.
Во шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја ја предводи Славјанка Петровска, министерка за одбрана, а зад неа е Агрон Демири.
Во обраќањето во отворениот дел од Конгресот, Ковачевски рече дека очекува двојна победа на изборите.
„Како што стојам тука и од вас ја барам поддршката за кандидатските листи на СДСМ, така утре сите заедно ќе стоиме пред граѓаните да ја бараме поддршката за европска Македонија. Поддршка за пратениците кои ќе ја донесат одлуката да се донесат сите потребни измени за Македонија до 2030 година да стане земја членка на Европската Унија“, рече Ковачевски.
На Конгресот вечерва треба да бидат потврдени кандидатските листи, кои беа утврдени во текот на денот на седници на Извршниот и Централниот комитет на СДСМ.
Видете и ова: Мицкоски ги објави носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избориПретходно (11 март) и Христијан Мицковски, претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ги објави носителите на листи на ВМРО-ДПМНе и коалицијата за претстојните избори.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.