Генералниот секретар на Обединетите Нации(ОН), Антонио Гутереш, кој пристигна на египетскиот полустров Синај за да ја посети границата на Египет со Газа, повторно повика на прекин на огнот за испорака на помош на палестинската територија уништена од петмесечната војна меѓу Израел и Хамас.
Неговата посета доаѓа во време кога Израел се заканува дека ќе почне воена операција во градот Рафах, на самиот југ од Појасот Газа, во должина на границата со Египет.
Гутереш пристигна во Ал Ариш, на северот на египетскиот полуостров Синај, каде се доставува и складира голем дел од меѓународната хуманитарна помош.
Регионалниот гувернер Мохамед Шуша му рекол на Гутереш дека на северот на Синај околу 7.000 камиони чекаат да достават помош во Газа, но дека строгата инспекциска контрола на израелската страна ја забавува испораката на помошта.
Според најавите, Гутереш треба да ја посети болницата во Ал Ариш каде се лекуваат евакуираните Палестинци и да се сретне со хуманитарните работници на ОН на египетската страна на граничниот премин во Рафах.
Видете и ова: Нетанјаху тврди дека Израел ќе испрати војници во Рафа и без американска поддршкаДодека надежите за примирје избледуваат за време на светиот месец Рамазан, а хуманитарната ситуација во Газа продолжува да се влошува, Соединетите Американски Држави(САД) и другите земји ја фрлаат помошта од воздух.
Хуманитарните агенции посочуваат дека само една петтина од неопходната помош влегува во Газа и дека е неопходно да се забрза испораката на помош за Газа по компнен пат.