Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) со големо мнозинство усвои буџетски закон од 1,2 милиони долари за финансирање на државата во текот на фискалната година што започна пред шест месеци и откако ќе биде потпишан од претседателот Џо Бајден, ќе се избегне делумно затворање на федералните служби.
Законот е усвоен со 74 гласа „за“ и 24 гласа „против“, јави Ројтерс.
Видете и ова: Бајден - Поддршката на САД за Украина не смее да биде прекинатаКлучните федерални служби, вклучително и Стејт департментот, Министерството за домашна безбедност, Министерството за правда, Министерството за финансии, ќе продолжат да се финансираат до 30 септември по усвојувањето на законот во американскиот Сенат, каде мнозинството имаат демократите.
Сепак, нацрт-законот не вклучува финансирање за помош, главно воена, за Украина, Тајван или Израел, што беше содржано во друг документ за кој гласаше Сенатот, но Претставничкиот дом со мнозинство републиканци го игнорираше.
Водачите на Сенатот во петокот(22.3) со часови преговараа за бројни амандмани кои на крајот беа отфрлени. Но, поради доцнењето, рокот за гласање на законот, кој беше петок на полноќ, помина.
Видете и ова: Конгресот на САД го усвои нацрт-законот со кој се избегнува затворање на владатаСепак, Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа извести дека на агенциите нема да им се нареди да престанат со работа и изразија уверување дека Сенатот наскоро ќе го усвои законот, што и го направи.
Иако Конгресот успешно го усвои законот, длабоките партиски поделби и несогласувања во тесното републиканско мнозинство во Претставничкиот дом уште еднаш беа разоткриени, пренесува Ројтерс.
Конзервативната Марџори Тејлор Грин се закани дека ќе иницира гласање за смена на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, нејзиниот републикански колега, бидејќи дозволил законот да помине.
Последното делумно затворање на владата се случи за време на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во период од 22 декември 2018 година до 25 јануари 2019 година.
Рекордно долгото затворање на федералните служби дојде откако републиканскиот претседател инсистираше да обезбеди финансирање за ѕидот долж границата на САД со Мексико и не постигна договор со демократите.