Вооружен напад на концерт во близина на Москва, се стравува дека има многу жртви

Пукање и експлозии во концертна сала близу Москва

Се стравува дека неколку луѓе загинаа кога најмалку еден маскиран напаѓач во петокот отворил оган за време на концерт во предградие на Москва, пред почетокот на настапот на музичката група Пикник, објави рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Се известува за повеќе загинати и повредени и можни експлозии, но бројките за жртвите не може веднаш да се потврдат.

Снимката од местото на настанот покажува пожар и облак црн чад што излегува од зградата, која се наоѓа во луксузен кварт во чпредградие на Москва.

Државната агенција РИА Новости објави дека најмалку се чини оти тројца вооружени лица отвориле оган со автоматски пушки.

Руските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата се испратени десетици возила на брза помош.

Вооружени лица пукаа во концертна сала во Москва

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека ќе бидат откажани сите јавни настани планирани за овој викенд во руската престолнина.

„Одлучив да ги откажам сите спортски, културни настани и други масовни настани во Москва овој викенд“, објави Собјанин на Телеграм.

Белата куќа соопшти дека нема индиции дека Украина е вмешана во нападот во концертната сала во Москва.

„Засега нема индиции дека Украина или Украинци биле вмешани во пукањето“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. „Сега би ве одвратил од каква било врска со Украина“.

Русија соопшти дека ако САД со сигурност знаат дека Украина не е вмешана во пукањето во концертната сала во близина на Москва, Вашингтон треба да ги сподели сите информации што ги има.

„Врз која основа официјалните лица во Вашингтон донесуваат заклучоци за нечија невиност среде трагедија“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа додаде дека доколку Вашингтон има информации треба да ги сподели, а доколку нема информации да не зборува на таков начин.