Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан изјави дека САД го следат движењето на српската војска во близина на границата со Косово и ја информирале Србија дека употребата на сила би била неприфатлива.
Во онлајн разговор со новинарите, тој рече дека САД ќе го сметаат евентуалното движење на српските сили како закана за силите на НАТО „кои се на Косово за да ги заштитат Албанците и Србите“.
Според неговите зборови, српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека нема да има употреба на сила.
Косовскиот премиер Албин Курти на 21 март изјави дека единиците на српската армија биле забележани на неколку метри од границата со Косово и ги опиша овие движења како „намерни провокации“.
Видете и ова: Ховениер: Очекуваме Владата на Косово да работи во партнерство со насВо петокот, Министерството за одбрана на Србија изјавите на Курти ги карактеризираше како дел од кампањата за ширење дезинформации за српската војска.
Според нивните зборови, српската армија ги извршувала своите должности во безбедна административна зона, согласно сите потпишани договори.
О'Брајан рече дека САД ги следат сите случувања и оти очекуваат Србија и Косово да ги намалат тензиите.
Зборувајќи за Косово пак, О'Брајан рече дека ниту една влада не треба да носи одлуки кои го осиромашуваат населението.
Како што додаде тој, САД јасно ставиле до знаење дека очекуваат да бидат притворени инволвираните во нападот на 24 септември 2023 година во Бањска, кога косовската полиција беше нападната од група вооружени Срби, а еден полицаец и тројца напаѓачи беа убиени.
„Очекуваме тоа да се случи наскоро“, рече О'Брајан.
Видете и ова: Интерпол трага по напаѓачите во БањскаНа прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) дали го забележува приближувањето меѓу Србија и Русија, имајќи ја предвид посетата на српскиот министер за надворешни работи и технички премиер Ивица Дачиќ на Москва, О'Брајан одговори дека српскиот претседател Александар Вучиќ јасно кажал дека ја гледа иднината на Србија во Европа.
Зборувајќи за Косово, О'Брајан рече дека ниту една влада не треба да носи одлуки кои го осиромашуваат населението.
„Но, гледаме дека на северот на Косово е многу тешко за одреден број поединци да ги купат работите што им се потребни за секојдневниот живот“, рече тој.
Видете и ова: Политичките претставници на косовските Срби „охрабрени“ по средбата со ЕскобарНеговата изјава се однесуваше на новата регулатива на Централната банка на Косово, која го дефинира еврото како единствена валута за готовинско плаќање и е невозможно да се користи српскиот динар.
О'Брајан рече дека специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пред неколку дена ги посетил граѓаните на северно Косово за да ја види ситуацијата одблиску.
Како што истакна О'Брајан, САД веруваат дека декретот на Централната банка на Косово се спроведува на начин што го отежнува секојдневниот живот на граѓаните на Косово.
„Пријателите на Косово би сакале оваа регулатива да биде разгледана и имплементирана на начин што ќе им овозможи на граѓаните да плаќаат во секојдневните трансакции. Ова веројатно значи да се направи чекор назад, да се дозволи влез на која било валута, евро или динар и тоа е нешто што специјалниот пратеник во дијалогот меѓу Србија и Косово го разговара“, рече тој.
О'Брајан потенцираше и дека одлуката за динарот не е донесена во вистински момент, бидејќи, според него, минатата година биле постигнати многу важни договори, меѓу кои бил и договорот граѓаните на северот на Косово да почнат да плаќаат струја.
„Чудна одлука е да им се оневозможат банкарските услуги што им се потребни за да ги платат сметките во Косово“, истакна О'Брајан.