Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) не ја прифати нацрт-резолуцијата за крај на конфликтот во Појасот Газа, што беше предложена од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Ројтерс.
На седницата на Советот на 21 март имаше 11 гласа за текстот на резолуцијата, три беа против и еден воздржан.
Рускиот амбасадор во ОН претходно ги повика членовите на Советот да гласаат против американската нацрт-резолуција.
Нацрт-резолуцијата предвидуваше „итен прекин на огнот“.
Последната верзија на тој текст, до која имаше пристап АФП, ја нагласува „потребата од моментален и траен прекин на огнот, со цел да се заштитат цивилите од сите страни, да се овозможи испорака на основна хуманитарна помош и да се олеснат страдањата“.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН одлучува за американската резолуција за итен прекин на огнот во ГазаВо текстот се повикува и на поддршка за „дипломатските напори за постигнување прекин на огнот поврзан со ослободување на сите преостанати заложници“.
САД, клучен сојузник на Израел, претходно стави вето на резолуциите на Советот за безбедност за Газа, неодамна во февруари.
Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога милитантите на Хамас во Израел убија 1.200 луѓе и зедоа 253 луѓе како заложници.
Оттогаш, израелската воздушна и копнена кампања уби повеќе од 31.000 Палестинци, според здравствените власти во Газа, управувана од Хамас, додека поголемиот дел од населението е протерано од своите домови и остана без храна.
Голем дел од Газа е во урнатини, а повеќето од нејзините 2,3 милиони жители се раселени и се соочуваат со голема хуманитарна криза.