Лекар пронајден мртов пред поликлиниката „Железара“

илустрација

Лекарот А.Т.(67) од Скопје бил пронајден мртов, со убодни рани по телото, синоќа (21 март) пред поликлиниката „Железара“ во Скопје. Го пронашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР).

„На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, соопштија од полицијата.

Видете и ова: Нервозни граѓани - насилство на улиците

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото каде што било пронајдено телото на лекарот.

Обвинителството издало наредба за обдукција, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.