Интензивни руски напади врз украинската енергетска инфраструктура

Тролејбус изгоре на рампата на хидроцентралата Днепар по руските напади на 22 март 2024

Русија на 22 март започна со масовен бран на напади врз енергетската структура на Украина при што загинаа најмалку четири лица, погодувајќи ја најголемата брана во земјата, што допринело до привремено прекинување на далновод во нуклеарната централа Запорожје, предизвикувајќи речиси целосно снемување на струја во другите телови на земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот биле вклучени 150 беспилотни летала и проектили и повторно апелираше до сојузниците на Украина да ја забрзаат испораката на критично потребната муниција и системи за оружје.

Јужниот регион Запорожје го сноси најголемиот товар од рускиот напад, во кој загинаа најмалку три лица.

Украинската државна хидроенергетска компанија, Укрхидроенерхо, соопшти дека најголемата брана во земјата, ДнепроХЕС во Запорожје на Днепар, била погодена за време на голем руски напад на 22 март, но немало непосредна закана од нејзино пробивање.

„Во моментов има пожар на браната. Службите за итни случаи работат на самото место, отстранувајќи ги последиците од бројните воздушни напади“, се вели во соопштението на „Укрхидроенерх“, додавајќи дека ситуацијата на браната е „под контрола“.

Претседателот Володимир Зеленски информираше дека во нападот биле вклучени 150 беспилотни летала и проектили и повторно апелираше до сојузниците на Украина да ја забрзаат испораката на критично потребната муниција и системи за оружје.

„Русија лансираше над 60 беспилотни летала „Шахед“ и речиси 90 проектили од различен тип кон Украина оваа ноќ“, напиша Зеленски на платфрмата „Х“, поранешен Твитер.

„Светот ги гледа целите на руските терористи што е можно појасно: електрани и линии за снабдување со енергија, хидроелектрична брана, обични станбени згради, па дури и тролејбус“, напиша Зеленски.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во руски напад погодена најголемата украинска брана во Запорожје

Енергетската инфраструктура беше цел и во други региони, во она што министерот за енергетика Херман Халушченко го нарече „најголемиот напад врз енергетската индустрија на Украина во последно време“.

Интензивното руско гранатирање во Харков предизвика недостиг на струја и вода.

„Окупаторите извршија повеќе од 15 напади на енергетски објекти. Градот е практично целосно без електрична енергија“, напиша на Телеграм Олех Синјехубов, шеф на регионалната воена администрација.

Киев мета на руски ракети, повредени цивили

Рано утрото на 22 март во Русија, една жена беше убиена во украинско гранатирање на пограничната област Белгород, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграма, додавајќи дека има и неодреден број ранети.

„Според првичните податоци оштетени се три здравствени установи и станбени објекти“, рече Гладков.

Тврдењето не можеше независно да се потврди.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила осум украински ракети истрелани кон Белгород од повеќецевни ракетни фрлачи Вампир.