Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека во последните 24 часа биле откриени 32 кинески воени борбени авиони околу островот .
Ова е втор најголем број кинески авиони откриени над самоуправниот остров оваа година.
Министерството за национална одбрана на Тајван исто така објави дека пет бродови на кинеската морнарица биле откриени околу Тајван во последните 24 часа.
Тринаесет авиони „ја преминаа средната линија во Тајванскиот теснец“, се додава во соопштението.
Оваа линија е неофицијална граница меѓу Кина и Тајван.
Видете и ова: Тајван: Кина гради воени бази на островите во близина на брегот на ТајванВооружените сили на Тајван „ја следеа ситуацијата и распоредија патролни авиони, поморски бродови и системи за противракетна одбрана како одговор на откриените активности“.
Кон крајот на јануари и почетокот на февруари, Министерството откри 33 кинески борбени авиони околу островот - рекорден број кои се откриени оваа година.
Откривањето на авионите следеше по претседателските избори на 13 јануари, на кои победи актуелниот потпретседател Лаи Чинг-те, на кој Пекинг се противи.
Тајван минатиот месец соопшти дека 11 кинески воени бродови биле забележани околу островот - најголем број оваа година - додека Тајпеј и Пекинг се судрија поради инцидентот со рибарски брод.
Видете и ова: Кина ги зголемува трошоците за одбранатаКинески рибарски брод, со четири лица, потона на 14 февруари во близина на Тајван додека го гонела тајванската крајбрежна стража. При овој инцидент две лица загинаа, а две избегаа.
Овој инцидент се случи во време кога тензиите меѓу Кина и Тајван се високи.
Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја исклучува можноста еден ден да ја преземе контролата над него, дури и со сила.