Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со одлука од деканатската управа денеска ќе организира мирен протест пред Владата. Според најавите, на отворено ќе се одржи и седница на наставно-научниот совет на факултетот. Од ФИНКИ бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите.
Неформалната организација Студентска револуција соопшти дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.
Наставата на факултетот се одржува во 8 различни објекти. Изградбата на новиот објект долго време е стопирана, не се презема ништо за нејзино повторно активирање.
Видете и ова: Манифест за подобар студентски живот или предизборна мамка?
Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина. Факултетот бара Владата да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.