Тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву во средата изјави дека Кина изградила „огромни“ воени бази на островите во близина на водите на Тајван во Јужното Кинеско Море.
Според Ројтерс, базите биле изградени на спорните острови Спратли, во јужниот дел на тоа море.
Двете земји тврдат дека водите на Јужното Кинеско Море се нивна територија, но Тајван контролира само еден остров наречен Иту Аба, кој Тајван го нарекува Тајпинг.
Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву изјави дека нема сомнеж оти островот му припаѓа на Тајван и дека владата на таа земја ќе го брани својот суверенитет над островот.
„Кина изгради огромни воени бази на островите во близина на Тајпинг“, рече Ву.
Тој прецизираше дека ќе бара мирно решавање на спорот.
„Тајван мора да размисли како да користи мирни средства за да го реши проблемот со Јужното Кинеско Море, за другите да не мислат дека Тајван создава тешкотии.
Видете и ова: Кина ги зголемува трошоците за одбранатаРојтерс наведува дека Кина изградила воени објекти и бази на своите острови во Јужното Кинеско Море, што предизвикало голема загриженост во Вашингтон.
Од друга страна, Кина тврди дека има право да гради на островите што ги смета за „своја територија“.