Речиси 8000 мигранти влегле во Словенија до средината на март

илустрација

Комисијата за внатрешни работи при словенечкиот Парламент ќе го разгледува Предлогот за формирање нови центри за азил во Словенија.

Канцеларијата за згрижување и интеграција на мигранти веќе подолго време бара нови локации за центарот за азил во време кога е во пораст бројот на илегални мигранти кои ја минуваат границата во Словенија.

Поради пренатрупаноста на центарот за азиланти во Љубљана, Владата одлучи да ги изолира центрите за азил во Брежице и Средич на Драва, што предизвика незадоволство.

Видете и ова: Мигранти обвинуваат - Србија со ќотек не враќа во Северна Македонија

Истовремено, се предупредува дека и годинава се зголемува бројот на неовластени гранични премини меѓу Словенија и Хрватска.

До средината на март, повеќе од 7900 странци илегално ја преминале границата. Во центарот за азиланти во Љубљана немаат доволно сместувачки капацитети.