Во понеделникот вечерта, на 18 март, зградата во која се наоѓа седиштето на претседателот на Република Српска беше осветлена во боите на руското знаме.
Ова било направено „во чест на победата на Владимир Путин“ на претседателските избори во Русија, а во знак на пријателство меѓу Република Српска и Русија, објави претходно во понеделникот на мрежата Икс Милорад Додик, претседателот на овој ентитет во Босна и Херцеговина.
Прорускиот лидер на Србите во Босна и Херцеговина, кој е под американски и британски санкции поради неговите антидејтонски активности, претходно на истата социјална мрежа му честиташе на Путин за победата.
Додик е еден од ретките функционери кои се сретнале со Путин од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, дури четири пати.
Видете и ова: Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачиПоследен пат Додик се сретна со Путин на 21 февруари во Казан, во руската Република Татарстан.
По тој повод Путин му го врачи Орденот Александар Невски, со кој Додик беше одликуван во јуни минатата година „за неговиот придонес во развојот на соработката“ меѓу Русија и Босна и Херцеговина.
Инаку, на изборите во Русија како набљудувачи беа Мирослав Вујичиќ – пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Срѓан Мазалица – пратеник во Народното собрание на Република Српска (РС) и Синиша Видовиќ – советник на претседателот на Народното собрание.
Сите тројца се членови на партиите од владејачката коалиција во РС – Вујичиќ и Мазалица од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), партијата на Милорад Додик, додека Видовиќ е член на Обединета Српска.
Видете и ова: Новите предизвици за Русија и светот во петтиот мандат на ПутинТие беа меѓу ретките набљудувачи од европските земји на изборите, на кои немаше никој од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
На строго контролираните избори, кои завршија во неделата, на 17 март, Владимир Путин обезбеди дополнителни шест години како претседател, со што стана руски лидер со најдолг стаж по Јосиф Сталин. Тој е на власт 24 години.
Победата му беше сигурна, бидејќи не се соочи со ниту еден кредибилен ривал и не беше дозволено да се кандидира за претседател на Русија некој кој се противи на руската агресија врз Украина.