Наместо до вечерва на полноќ, поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска (18 март) од Државната изборна комисија (ДИК).
Од ДИК посочуваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот.
Од таа причина, појаснуваат оттаму, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.
Инаку, според податоците од ДИК заклучно со 14 март во однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, синоќа до 20 часот се пристигнати 2049 пријави од кои 1430 се прифатени, 165 се одбиени, а не се обработени 434.
Видете и ова: Кампања пред кампања - полни усти (не)реални ветувањаГласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.
Претседателските избори се закажани за 24 април, а две недели подоцна на 8 мај треба да се одржат вториот круг претседателски и парламентарните избори.