Уставниот суд на Хрватска денеска предупреди дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ како непартиска личност не смее да биде кандидат за пратеник, ниту кандидат за премиер, ниту на кој било начин да учествува во изборната кампања.
Одлуката на судот денеска (18 март) на прес-конференција ја соопшти претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ.
Видете и ова: Парламентарни избори во Хрватска на 17 априлШепаровиќ кажа дека доколку Милановиќ сака да се кандидира за функцијата, прво мора да поднесе оставка од функцијата претседател, по што должностите на претседателот ќе ги преземе претседателот на парламентот, а во рок од 60 дена треба да се распишат претседателски избори.
Шепаровиќ ги повика Милановиќ и СДП да постапат во согласност со Уставот на земјата.
Уставниот суд, додаде тој, очекува сериозност од Милановиќ и другите учесници во изборниот процес.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го одреди 17 април како датум за парламентарни избори во таа земја. Хрватскиот Сабор има 151 пратеник, од кои 140 се избираат во десет изборни единици, тројца во дијаспората се избираат од хрватски државјани кои живеат во странство, а осум се припадници на националните малцинства во 12-та изборна единица, што е целата земја.