Најмалку осум загинати во пакистански воздушни напади во Авганистан

илустрација

Портпаролот на талибанската влада во понеделник (18 март) изјави дека во пакистанските воздушни напади загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца, во пограничните региони на Авганистан.

Забихула Муџахид, портпарол на Талибанците, изјави дека пакистански авиони погодиле цивилни куќи во провинциите Хост, Кунар и Пактика во близина на границата со Пакистан околу 03:00 часот по локално време, пишува Ројтерс.

Според Муџахид, сите осум убиени се жени и деца.

Нападите во раните утрински часови се случија два дена откако бунтовниците убија седум војници во самоубиствен бомбашки напад чија цел беше позиција на пакистанската армија во близина на границата со Авганистан.

Нема официјална потврда за нападите од пакистанските власти.