Бела куќа: На Украина и снемува муниција, потребна и е нашата поддршка

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа

Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа.

„Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат - кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега“, изјави Кирби за Еј-Би-Си Њуз.

Покрај тоа, тој истакна дека САД се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина.

Неодамна Пентагон соопшти дека ќе и обезбеди на Украина околу 300 милиони долари во оружје, откако како што изјавија високи претставници на одбраната на 12 март, пронашла некои заштеди во своите договори.

Видете и ова: Пентагон ѝ вети на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари

Тоа е првиот најавен безбедносен пакет на Пентагон за Украина од декември, кога Пентагон призна дека нема средства да го пополни пакетот.

Само во последните денови функционерите јавно признаа дека не само што останале без средства, туку и дека надминале 10 милијарди долари.

Ова е втор пат за помалку од девет месеци Пентагон да „најде“ пари за дополнителна испорака на оружје за Украина. Минатиот јуни, претставниците на одбраната изјавија дека ја прецениле вредноста на оружјето што САД и го испратиле на Украина за 6,2 милијарди долари во последните две години.

Од почетокот на администрацијата на Бајден, САД определија повеќе од 44,9 милијарди долари помош за Украина, вклучително и повеќе од 44,2 милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари 2022 година.