Ако се појави потреба Министерството за одбрана на Репубика Северна Македонија подготвена да излезе во пресрет за лекување на украински војници, тврди министерката за одбрана Славјанка Пертовска. Сепак според Петровска треба да се има предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство па поради тоа во моментов се вршат преговори со министерот за здравство.
„Имавме еден првичен разговор со министерот за здравство сега одиме понатаму на интезивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако се појави евентуално потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно на барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира особено ќе внимаваме да излегувањето во пресрет на оваа барање, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство“, вели Петровска.
До сега во два наврати лани министерството за одбрана донираше воена опрема за Украина, а еднаш го одби барањето со образложение дека опремата која се бара како помош и треба и на Северна МАкедонија и ја користи.
Видете и ова: Шолц - Европа од приходите од замрзнати руски средства ќе купува оружје за УкраинаДо сега има донирано авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија. Според податоците на македонското Министерство за одбрана, целото донирано вооружување за одбрана на Украина од руската агресија чини меѓу 24 и 30 милиони евра.
Северна Македонија ѝ донираше на Украина 12 хеликоптери Ми-24. Овие хеликоптери со години не беа во функција.
Исто така, земјава на Украина ѝ донираше тенкови од советско производство Т-72 и воени авиони Су-25.
По руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари 2022 година, Западот и помага на Украина да се одбрани и испраќа разни видови оружје, како и други видови на помош.
Источните членки на НАТО, во најголема мера Полска и Чешка, испратија голем број тенкови од советско производство, со кои украинските војници се запознаени.
На почетокот на оваа недела пак Петровска откри дека разузнавачите пресретнале обид руска фирма да влезе во одбрана и да има пристап до сензитивни податоци. Фирма со руски капитал се обидела да учестува на тендер кој бил поврзан со чувствителна опрема но била дисквалификувана после безбедносните проверки.