Агелер - Мора да престанат притисоците врз судството

Уставен суд на Северна Македонија

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД), Анџела Агелер на 15 март порака дека „притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане“. Таа во обраќањето на меѓународната конференција по повод 60 години од основањето на Уставен суд рече дека судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото, оти, како што рече, граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и сè повеќе го бараат тоа.

Во обраќањето, таа ја нагласи, како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.

„Во САД и тука во Северна Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави. Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инсистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења“, рече Агелер.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, вети дека ќе продолжи поддршката за Уставниот суд.

„Наместо потпирање само на Европскиот суд за човекови права, ние ја правиме правдата подостапна и подопирлива за сите граѓани на Република Северна Македонија. Ние сме на оваа пресвртница кога го прославуваме минатото и гледаме со оптимизам кон минатото и колективно се залагаме за успешно патешетствие на Уставниот суд во иднина. Мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш била и ќе биде ваш стабилен партнер“, рече амбасадорот Вал.

На конференцијата се обратија и други амбасадори, како и претставници на власта во Северна Македонија.

Видете и ова: Уставниот суд заложник на партиски пресметки

На отворањето на меѓународната конференција, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, истакна дека 60 години постоење на Уставен суд е само потврда на капацитетите на системот и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава.

Додека, претседателот Стево Пендаровски порача дека Уставниот суд во иднина треба уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи, а еден начин за да се достигне тоа, како што рече, се измени на Уставот и воведување на уставната тужба како правно средство за заштита на правата и слободите.