Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го одреди 17 април како датум за парламентарни избори во таа земја, по распуштањето на хрватскиот парламент во четвртокот (14 март).
Парламентарните избори првично беа планирани за есен, но владата одлучи да ги одржи пред изборите за Европскиот Парламент во јуни, пренесува Ројтерс.
Политичките партии имаат рок од 14 дена да ги поднесат кандидатските листи, по што Државната изборна комисија во рок од 48 часа ги презентира конечните листи, јавува Хрватската радио телевизија.
Видете и ова: Хрватскиот парламент се распушти, редовни избори во април или мајПосле тоа ќе започне кампањата која ќе трае нешто повеќе од две недели.
Хрватскиот Сабор има 151 пратеник, од кои 140 се избираат во десет изборни единици, тројца во дијаспората се избираат од хрватски државјани кои живеат во странство, а осум се припадници на националните малцинства во 12-та изборна единица, што е целата земја.