ЕК обезбедува половина милијарда евра за производство на муниција

илустрација

Европската Комисија соопшти дека ќе обезбеди 500 милиони евра за развој на европското производство на муниција. Овие средства се очекува да се искористат за создавање капацитет за производство на два милиони проектили годишно од следната година.

Во соопштението се истакнува дека во буџетот на ЕУ се предвидени две милијарди евра за поддршка на европската одбрана, вклучително и преку заеднички јавни набавки. Комисијата ги оцени пристигнатите предлози за поддршка на одбранбеното производство и избра 31 проект поврзани со производство на експлозиви, проектили и ракети.

Проектите ќе се финансираат со 513 милиони евра од буџетите на ЕУ и Норвешка. Ова финансирање ќе привлече дополнителни инвестиции до вкупно 1,4 милијарди евра, објаснува Комисијата.

Видете и ова: Борел ја повикa ЕУ да ја зајакне одбранбената индустрија поради потенцијални закани, но и да продолжи да и помага на Украина

Се додава дека од почетокот на годинава ЕУ има можност да произведува по еден милион проектили од 155 мм годишно.

Комисијата предлага да се обезбедат 310 милиони евра за заедничка набавка на муниција, системи за противвоздушна одбрана, за замена на застарената воена опрема и за надополнување на залихите исцрпени поради помошта за Украина.

ЕК потсетува дека одвоила 1,1 милијарда евра за воено технолошки развој.