Независната медиумска група „РусЊуз“ на 14 март објави писмо напишано од поранешниот московски општински пратеник Алексеј Горинов.
Во писмото се вели дека Горинов редовно е „мачен од страна на стражари“.
Горинов отслужува седумгодишна затворска казна којашто му беше изречена во јули 2022 година за неговиот став против руската агресија врз Украина.
Видете и ова: Чешкиот шеф на дипломатијата во ОН ја повика Русија да ја ослободи новинарката на РСЕ Курмашева62-годишниот Горинов, кој има здравствена состојба, напиша дека поради тоа што бил етикетиран со статус „наклонет кон бегство“, чуварите го будат секој втор час во текот на ноќта „за да го проверат“.
Дополнително, Горинов напиша дека чуварите му ги одзеле лековите што му се потребни за неговиот хроничен бронхитис и проблеми со белите дробови.