Русија воведе забрана за влез на 227 американски државјани, вклучително и членови на американската администрација, универзитетски професори, менаџери и членови на одбори на големи компании и новинари.
На списокот, меѓу другите, се и специјалниот советник на Стејт департментот Дерек Шоле, поранешниот американски амбасадор во Русија Џон Саливан и портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, забраната е воведена затоа што „тие се вклучени во развојот, спроведувањето и оправдувањето на русофобниот курс во актуелната американска администрација“.
Видете и ова: Москва со предупредување до американската амбасада, уште три организации прогласени за „непожелни“„Станува збор за поединци од извршната власт, бизнис заедницата, медиумската сфера и академските кругови кои редовно шират непријателски напади или шират измислици и отворени клевети за надворешната и внатрешната политика на Русија“, соопшти Кремљ.
Тие наведоа дека тоа се „контрамерки на постојано проширувањето на санкциите што американските власти во голема мера им ги воведоа на руските граѓани“ поради нивната поддршка за Кремљ и инвазијата врз Украина.
Со претходното прогласување на голем број американски хуманитарни невладини организации за непожелни во Руската Федерација, целта на проширувањето на руската „стоп листа“ е, како што наведуваат, „да му се даде до знаење на Вашингтон дека ниту една агресивна акција, нема да остане неказнето и возвратена.