Поблиску сме од кога било до склучување мир со Ерменија, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на отворањето на 11-тиот Светски форум на тема „Поправка на фрагментираниот свет“ во Баку.
„Од нашата последна средба, многу работи се случија и во светот и во нашиот регион. Главната геополитичка промена што се случи откако последен пат се сретнавме овде пред една година е целосно обновување на територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан“, изјави Алиев.
Тој додаде дека ова е навистина многу сериозна геополитичка промена, која како што вели, ќе има многу позитивни последици во однос на решавање на конфликти кои изгледаат нерешливи.
Видете и ова: Ерменија соопшти дека четворица нејзини војници биле убиени од азербејџанските силиНеодамна и Ерменија ја потврди својата подготвеност да ги продолжи преговорите со Азербејџан со посредство на ЕУ.
„Во моментов не е јасно дали преговорите ќе бидат обновени. Се разбира, и Ерменија го поддржува продолжувањето на преговорите во овој формат, бидејќи приоритет во агендата на земјата е воспоставување мир во регионот“, изјави пратеникот Артур Ховханесјан од партијата „Граѓански договор“, чиј претседател е премиерот Никол Пашинјан.
Инаку претставниците на Азербејџан и етничките Ерменци во Нагорно-Карабах се согласија да се сретнат на 21 септември лани во азербејџанскиот град Јевлакс, околу 265 километри западно од Баку, како дел од прекинот на огнот за, како што ги нарекува азербејџанската страна, разговорите за „реинтеграција“ на територијата во остатокот од земјата по повеќедецениска окупација.
Азербејџанските лидери ветија дека ќе дозволат „безбеден премин“ во Ерменија за сепаратистичките сили во регионот како дел од договорот, ставајќи крај на долгата борба на етничките Ерменци кои бараат независност или анексија од Ерменија за територијата.
Европската Унија го повика Алиев да ги заштити правата на етничките Ерменци во регионот и да „обезбеди целосен прекин на огнот и безбеден, достоинствен третман од страна на Азербејџан кон Ерменците од Карабах“. Властите во Ерменија го обвинија Баку за обид за етничко чистење со своите акции во Нагорно-Карабах.