Леонид Волков, поранешен близок соработник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални доцна во вторникот (12 март) доцна во вторникот бил нападнат со чекан за место од неидентификуван напаѓач во главниот град на Литванија, Вилнус, при што му била скршена раката, а се здобил и со други повреди.
Литванија соопшти Волков, бил „веројатно“ оркестриран од Москва како дел од серијата провокации во балтичката земја со цел да се заплашат противниците на рускиот претседател Владимир Путин во странство.
Литванските разузнавачки служби во средата соопштија дека нападот „веројатно“ е операција „организирана и спроведена од Русија, чија цел била да се запре спроведувањето на проектите на руската опозиција“.
Претседателот Гитанас Наузеда направи уште еден чекор подалеку во проценката, велејќи дека нападот е очигледно однапред планиран и се чини дека е поврзан со други провокации против Литванија, каде што живеел Волков, поранешниот шеф на кабинетот на Навални и поранешен претседател на антикорупциската фондација на Навални.
Волков се наоѓа во егзил од 2019 година бидејќи се плашел за својата безбедност во Русија
„Можам да му кажам само едно на Путин: никој не се плаши од тебе овде“, рече Наузеда, коментирајќи го нападот.
Руските дисиденти кои ја напуштија својата татковина поради бруталната репресија на Путин често предупредуваа дека се цел на закани и напади.
Смртта на Навални – најгласниот критичар на Путин – минатиот месец додека беше во затвор во Арктикот поради пресуди за кои се верува дека се политички мотивирани само ги зголеми тие стравови.
Видете и ова: Путин тврди дека рускиот нуклеарен арсенал е „понапреден од американскиот“Волков порачува дека нема да се откаже
Волков за независниот медиум Медуза само неколку часа пред нападот изјави дека чувствува зголемено чувство на нелагодност за неговата безбедност откако на 16 февруари беше објавена смртта на Навални под сомнителни околности.
„Главниот ризик сега е дека сите ќе бидеме убиени“, изјави тој за Медуза.
Сепак, Волков вети дека ќе ја продолжи борбата против Путин и покрај нападот.
„Продолжувам да работам и не се откажувам“, рече Волков во видеото објавено на неговиот канал на Телеграм откако беше отпуштен од болница во главниот град на Литванија.
„Сакаа да ме претворат во бифтек. Се разбира, со чекан за месо. Ме нападна маж во дворот од мојата куќа“, изјави Волков.
„Ме удри 15 пати во ногата, но ногата некако ми остана недопрена. Ме боли кога одам, но велат дека не е скршена. Меѓутоа, ми ја скрши раката“, рече Волков, додавајќи дека ова е „типичен гангстерски поздрав од Путин“.
Видете и ова: Независниот руски медиум Медуза, цел на сајбер нападиПортпаролот на литванската полиција Рамунас Матонис потврди за АФП дека руски државјанин бил нападнат во близина на неговиот дом во Вилнус во вторникот околу 22 часот. Името не го наведе.
Според новинарот Сергеј Пархоменко, како што пренесува независниот медиум на руски јазик – Медуза, Волков живее во мала заедница надвор од Вилнус.
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис рече дека „вестите за нападот на Леонид се шокантни“.
„Властите работат на ова. Сторителите ќе треба да одговараат за своето злосторство“, напиша Ландсбергис на мрежата Икс.
Фотографии од повредениот Волков и неговиот оштетен автомобил на Телеграм објави тимот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.
Нападот прва го пријави Кира Џармиш, поранешна портпаролка на Навални и секретар на неговата Фондација за борба против корупцијата (ФБК), која на мрежата Икс напиша дека непознат маж го скршил прозорецот на автомобилот на Волков, фрлил солзавец во очите на Волков и го ударал со чекан за месо.
Џармиш подоцна додаде дека Волков му се возвратил удар на напаѓачот „со вратата од автомобилот и неговите нозе“.
„Затоа има повреди на нозете“, објасни таа.
Видете и ова: Жител на Санкт Петербург во притвор поради порака „Путин го уби Навални“Директорот на ФБК, Иван Жданов, подоцна објави фотографија од политичарот како го носат кон амбулантно возило.
Алексеј Навални, најжестокиот критичар на Путин, почина минатиот месец под сомнителни околности на 47-годишна возраст во затвор во руската арктичка област, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна.
Волков и неколку други сојузници на Навални ја напуштија Русија во 2019 година, откако властите почнаа да ги истражуваат фондацијата и нејзините активности.
Во 2021 година тој беше додаден на листата на барани лица за активности насочени против Кремљ.