Поглаварот на Римокатоличката црква денеска повторно ги осуди сите војни, неколку дена откако ги налути Киев и западните престолнини, сугерирајќи дека Украина треба да се предаде и да преговара за мир со Русија.
Папата Франциск за швајцарската телевизија РСИ изјави дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да ги отвори преговорите со Русија, додека неговиот заменик, кардиналот Пјетро Паролин, вчера појасни дека Русија прво треба да престане со својата агресија, пренесуваат британските медиуми.
Видете и ова: Украина го повика амбасадорот на Ватикан поради коментарите на Папата за „белото знаме“„Многу млади луѓе ќе загинат (во војна). Го молиме Господ да ни даде милост да го надминеме ова лудило на војната, кое секогаш е пораз, рече папата на аудиенција на плоштадот Свети Петар на Ватикан.
Тој денеска (13 март) не ја спомена директно Украина или која било друга зона на конфликт, но кажа дека претходно добил бројаница и копија од Евангелието што му припаѓале на човек кој бил убиен на неодредена линија на фронтот.
Украина останува цврста да не се ангажира директно со Русија на мировните разговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати рече дека иницијативата во мировните преговори мора да и припадне на земјата која е нападната.
Русија започна целосна инвазија врз Украина во февруари 2022 година.