Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски, ќе излезе на условен отпуст на 17 јуни, наместо на 16 јануари 2025 година, како што беше првичната одлука. Тој беше осуден на три и пол години затвор во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.
Кривичниот суд ќе одлучува дали на предвремен отпуст ќе оди и Сашо Мијалков, поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, осуден на три години затвор за перење пари во случајот наречен „Империја.
Овие две одлуки ги објави Апелацискиот суд на својата интернет-страница.
„Апелациониот суд - Скопје ја информира јавноста дека Кривичен совет на Судот донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од С., изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува. Согласно донесеното решение на Апелациониот суд - Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, соопштија од Апелацискиот суд.
Видете и ова: Правдата е бавна, но и незадоволенаОд овој суд информираа дека е уважена и жалбата на Мијалков.
„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид - Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Инаку, уважувањето на жалбата на осудениот С.М. доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован“, соопштија од Апелацискиот суд.
Мијалков е во затвор од отворен вид во Струга.
Видете и ова: Конфискуваните станови на Мијалков ги купила фирмата на неговиот синДвата случаи „Титаник“ и „Империја“ се дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои пропаданаа откако Собранието во 2023 година донесе измени на Кривичниот законик со кои се намалија предвидените казни за злоупотреба на службената положба, па делата порано застаруваат.