Комисијата за спречување и заштита од дискриминација(КСЗД) за време на предизборната кампања ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор на социјалните мрежи и во традиционалните медиуми, најави Игор Јадровски, претседател на комисијата, на денешната прес-конференција.
За таа цел ќе биде изработен образец за пријавување вознемирувачки говор кој ќе биде закачен на интернет-страната на Комисијата.
Јадровски апелираше до политичките партии, претседателските кандидати, носителите и кандидатите од партиските листи да се воздржат од вознемирувачки говор и говор на омраза во предизборната кампања.
Комисијата за заштита од дискриминација ќе врши и мониторинг на пристапноста до повеќе гласачки места во државата, за да утврди дали е спроведена општата препорака дадена до Државната изборна комисија (ДИК). Комисијата препорача измени и дополнување на Изборниот законик за да можат да гласаат и граѓаните кои за време на избори се сместени во здравствени установи.
Видете и ова: Сите се еднакви, ама некои се поеднакви
Исто така, Комисијата констатирала дека со процесот на деинституционализација околу 300 лица живеат во нов облик на заштита, а со решение за сместување сѐ уште се водат како лица згрижени во Специјален завод Демир Капија, Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци Скопје и Завод за заштита и рехабилитација, „Бања Банско“ - Струмица).
„Нашите препораки што се дадени се во насока на измени и дополнување на Изборниот законик со цел на сите лица на еднаква основа да им биде овозможено правото на глас. Зборуваме за сите категории на лица, а во насока на остварување на правото на глас на една основа. И ицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата избирачки круга, постои опасност да бидат исклучени лицата кои што се наоѓаат во здравствените установи, постои опасност на бидат исклучени лицата кои што живеат во новиот формат на социјална заштита со поддршка во станбени единици“, рече Јадровски.
Видете и ова: Пресуда - државата ги дискриминирала лицата со попреченост при остварување на правото на гласКомисијата на локалните избори во Северна Македонија во 2021 година утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и индиректна дискриминација која произлегува од одредбите на Изборниот законик, врз основа на возраст, во остварување на гласачкото право на лицата кои наполниле 18 години меѓу два изборни круга на претседателските избори во 2019 година. Овие лица заради одредбите од изборниот законик не можеле да бидат запишани во избирачкиот список помеѓу двата изборни круга, а со тоа биле спречени да го остварат уставно загарантираното право на глас.
На изборите пред три години Комисијата утврди и дискриминација по основ на личен статус, возраст, здравствена состојба во областа на остварувањето на избирачкото право кон граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи.