Медуза, независен медиум на руски јазик, ги обвини руските власти дека минатиот месец започнале бран сајбер напади со намера да ги „уништат“.
Во соопштението од 11 март, Медуза со седиште во Латвија наведува дека нападите започнале во времето кога Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски лидер, почина во затвор на Арктикот.
„Во февруари 2024 година, руските власти започнаа серија сајбер напади врз Медуза поинтензивни од сите со кои досега сме се соочиле. Иако немаме директни докази, веруваме дека оваа кампања е обид за целосно уништување на Медуза“, се наведува во соопштението.
Овој медиум информира дека руските власти и организации поврзани со Кремљ сè повеќе ги блокираат неговите сервери, го оневозможуваат пристапот до неговата веб-страница, хакираат сметки на новинари користејќи таканаречен „фишинг“ и други техники.
Видете и ова: Игра со броеви: Детали од документот на Кремљ за менаџирање на претстојните претседателски избориВесникот наведува дека нападите покажуваат дека руските власти се подготвени да потрошат огромни ресурси за да ја постигнат својата цел.
Нападот врз Медуза, водечки извор на рсуки вести, се случува пред строго контролираните претседателски избори кои ќе се одржат од 15 - 17 март. Претседателот Владимир Путин се очекува да освои петти мандат, бидејќи нема конкуренција.
Минатата година Русија ја означи Медуза, (медиум финансиран од читателите), како „непожелна организација“, тврдејќи дека претставува „закана“ за уставниот поредок и безбедноста на Русија.