Укинат му е притворот на С. Д. осомничен за помагање на бегството на Љупчо Палевски-Палчо кој пак е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од основниот Кривичен суд – Скопје, по барање на надлежниот обвинител.
„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки: забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичниот суд.
Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци, објаснуваат од Обвинителството.
„По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.
Видете и ова: Одбиено барањето за замена на притворот со куќен притвор за таткото на Вања ЃорчевскаС.Д. го возеше Љупчо Палевски – Палчо, низ Србија, Бугарија и Турција, а беше уапсен на граница кога се врати во Македонија.
Сега Димковски ќе се брани од слобода. Тој е осомничен дека му помогнал на Палевски да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
За случајот има петмина осомничени кои се во притвор, додека првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо е во притвор во Турција и се чека неговата екстрадиција.
Другите петмина осомничени се во притвор во истражниот затвор во Шутка.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.