Кина ги зголемува трошоците за одбраната

Парламентот во Кина (илустрација)

Кинескиот Парламент, Народниот национален конгрес денеска (11 март) одобри зголемување на трошоците за одбраната од 7,2 отсто.

Како што се приближуваше крајот на еднонеделната конференција на Народниот национален конгрес, околу 2900 пратеници го одобрија годишниот буџет, кој оваа година исто така предвидува зголемување на трошоците за одбрана од 7,2 отсто (232,4 милиони долари).

Видете и ова: Тајван регистрирал кинески балони во близина на островот

Обновеното засилување во одбраната доаѓа откако комунистичкото раководство уште еднаш издаде строго предупредување за демократски Тајван, при што минатата недела кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги предупреди другите земји да не се мешаат во спорот на Пекинг со самоуправната островска држава.

Кинески воени авиони секојдневно оперираат во Тајванскиот теснец и често ја минуваат неговата средна линија, која претходно служеше како неофицијална бариера меѓу двете страни. Пекинг не го признава постоењето на линијата.

Тајван минатиот месец го избра потпретседателот Лаи Чинг-те за свој следен претседател, човек кој Кина го опишува како опасен сепаратист. Лаи, кој ќе ја презема функцијата во мај, понуди разговори со Кина, а Пекинг ги одби. Лаи има став дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина.

Потенцијалот на Кина да користи балони за шпионирање стана глобален проблем минатиот февруари кога Соединетите Држави (САД) соборија, како што велат, кинески балон за надзор. Како одговор, кинеските власти изјавија дека се работи за цивилен балон кој залутал.