Минатата година во Србија влегле 108.828 бегалци и мигранти, а во моментов во некои од центрите за азил и прифатни центри се сместени 1.162 лица, како и 4.200 бегалци од Украина од кои 1.089 се под привремена заштита, изјави денеска претставникот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Суфијан Аџали.
Аџали за весникот Политика вели дека во 2023 година 196 лица поднеле барање за азил во Србија, а девет од нив го добиле.
Тој додаде дека најголем број бегалци и мигранти кои влегле во Србија има од Сирија - 45 проценти, 22 отсто од Авганистан, а потоа од Мароко и Пакистан.
Видете и ова: ИОМ:2023 е најсмртоносна за мигрантите, загинаа повеќе од 8.500 луѓеМнозинството од бегалската и мигрантската популација го сочинуваат возрасни мажи. Децата без придружба се особено ранлива група, кажа тој.
„Од почетокот на војната во Украина, во Србија влегле повеќе од 335.500 граѓани на таа земја. На крајот на јануари годинава во Србија имало околу 4.200 бегалци од Украина, а на крајот на февруари под привремена заштита биле 1.089 лица, рече Аџали.
Тој вели дека постои загрижувачки тренд што терминот „мигрант“ се користи и за бегалците и за мигрантите.
Тој додава дека бегалците се прецизно дефинирани и заштитени во меѓународното право и дека тоа се луѓе кои ги напуштиле своите домови поради страв од прогон, конфликт, насилство или сериозно кршење на човековите права и кои бараат безбедност во друга земја.