Турската полиција уапси 33 лица осомничени за врски со групата „Исламска држава“ и подготвување напади пред локалните избори во земјата што ќе се одржат на 31 март, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на 10 март.
„Осомничените се подготвувале и барале каде да оперираат пред претстојните избори“, напиша министерот на мрежата Х.
Тој рече дека антитерористичката полиција во Сакарија, во рациите во северозападна Турција, пронашла оружје, пари и „организациски документи“ .
Видете и ова: Ердоган - Турција подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија„Нема да толерираме терористи. Ќе ја продолжиме нашата борба без прекин со големи напори на нашите безбедносни сили“, рече Јерликаја, истакнувајќи дека мрежата обезбедувала поединци за воените зони, како и финансиска поддршка за Исламската држава, додека дејствувала од илегални џамии и верски училишта.
Во текот на изминатата деценија, Турција беше погодена од голем број напади поврзани со групата Исламска држава, вклучително и вооружен напад во црква во Истанбул во јануари, во кој загина едно лице.
Таканаречената Исламска држава е поврзана и со најсмртоносниот напад во земјата, кога повеќе од 100 луѓе загинаа на мировниот митинг во Анкара во октомври 2015 година.