Украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништи 35 од 39 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, објавија украинските воздухопловни сили на 10 март.
Повеќето од беспилотните летала се уништени над источните и јужните региони на Украина, соопштија воздухопловните сили на апликацијата за пораки Телеграм, без да прецизираат дали имало штета.
Русија лансираше четири ракети С-300, објави Военото воздухопловство. Не е соопштено што се случило со проектилите, ниту дали стигнале до своите цели.
Видете и ова: Полскиот министер за надворешни работи: Војници на НАТО во Украина „не е незамислива“ идејаВо исто време беше објавено дека дрон кој го лансирала Украина, паднал и се запалил во складиште за нафта во областа Курск во Русија, која граничи со Украина, потврди регионалниот гувернер.
На местото на несреќата работат противпожарни бригади и итните служби“, напиша во апликацијата Телеграм гувернерот на тој регион Роман Старовоит.
Украина не ги коментираше овие наводи.
Експлозиите и нападите на руските региони кои граничат со Украина зачестија во последните две години, откако Русија започна војна против Украина.
Руските власти за тие напади ги обвинуваат или украинските сили или проукраинските саботери.