Претставници на опозициските коалиции „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА на 9 март во Белград потпишаа Договор за слободни и фер избори.
Оваа иницијатива ја покрена граѓанската организација Проглас, која се залага за примена на демократските принципи во изборниот процес и излезност на што поголем број гласачи.
„Посебно се бара ревизија на избирачкиот список. Од јавниот медиумски сервис се бара целосно и вистинито да ги информира граѓаните за локалните и градските избори, како и да обезбеди сите учесници да бидат подеднакво застапени во програмата“, се вели меѓу другото во договорот потпишан од СПН и НАДА.
Драган Бјелогрлиќ, еден од основачите на Проглас, изјави дека дијалогот за изборните услови е единствениот начин.
Сите останати би биле опасност за Србија“, изјави Бјелогрлиќ.
Видете и ова: Србија го покани ОБСЕ на нови избори во БелградБарањето на Прогласот е изборите во Белград да се одржат во временски рок што овозможува спроведување мерки за подобрување на условите за избори, врз основа на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Исто така, се бара преостанатите локални избори во општините и градовите каде што не беа одржани во декември да се одржат на ист ден со изборите во главниот град на Србија.
„Овој договор е можност Белград да стане слободна територија, а потоа и другите градови во Србија“, рече една од лидерите на СПН, Мариника Тепиќ.
Изборите во Белград ќе се повторат по два неуспешни обиди да се одржи конститутивна седница по гласањето на 17 декември. Одлуката ја донесе владејачката Српска напредна партија (СНС), чија листа го носи името на претседателот на државата, Александар Вучиќ, поради неможноста да се формира власт во главниот град бидејќи не освои мнозинство од вкупно 110 советници.
Александар Вучиќ, до неодамна претседател на СНС, на 9 март изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај.
Еден од основачите на Проглас, Миодраг Јовановиќ, оцени дека Вучиќ манипулира со можните датуми за одржување на изборите во Белград и истакна дека тие би можеле да бидат на 2 јуни.
Видете и ова: Ана Брнабиќ е кандидатка за претседателка на Народното собрание на СрбијаПо парламентарните и локалните избори на 17 декември, демократската листа СПН, НАДА и набљудувачката мисија ЦРТА објавија заклучок дека власта систематски ги крадела изборите и побара нивно повторување и меѓународна истрага.
Тие изразија сомнеж дека најмногу незаконитости се случили во Белград со носење граѓани на Босна и Херцеговина и луѓе од места во Србија каде што не се одржаа избори на 17 декември да гласаат за владејачката СНС.
На 8 февруари, Европскиот парламент (ЕП) со резолуција побара меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските избори и суспендирање на финансиите на Европската унија (ЕУ) за Србија во случај да се докаже дека властите извршиле изборна измама.
Локалните избори во декември се одржаа во Србија во 65 градови и општини, вклучувајќи го и Белград.