Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени откако врз нив паднале пакети хуманитарна помош фрали од авиони во кампот Ал Шати, западно од градот Газа.
На пакетите не се отвориле падобраните и паднале врз луѓето кои ги чекале.
Некои од повредените се во тешка состојба.
Хуманитарна помош во Газа фрлија САД, Јордан, Египет, Франција, Холандија и Белгија, но, како што пишува Си-Ен-Ен, се уште не се знае чии пакети ги убиле луѓето.
Видете и ова: Како да се спречи гладот во Газа?Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека овој викенд би можел да биде отворен поморски хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа, како дел од забрзаните напори на Западот за олеснување на хуманитарната криза на палестинската територија разурната од војна.
„Сега сме многу блиску до отворање на коридорот, се надевам оваа сабота, оваа недела“, рече Фон дер Лејен, кој е во посета на Кипар.
„Го лансираме овој кипарски поморски коридор заедно, Европската унија, Обединетите Арапски Емирати и Соединетите Држави“, рече таа.
Мисијата за помош е заеднички напор на Европската комисија, Германија, Грција, Италија, Холандија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.
Видете и ова: ОН порачаа дека „не смее да се случи“ израелска офанзива на РафаТие во заедничка изјава најавија дека ќе обезбедат испорака на значителна количина хуманитарна помош за жителите на Газа.
Вашингтон најави дека специјалната американска воена мисија, во координација со хуманитарните партнери и други земји, ќе формира привремено пристаниште во Газа. Тоа ќе биде спроведено во тесна координација со израелската влада, се посочува во заедничката изјава.
„Доставувањето хуманитарна помош директно во Газа по море ќе биде сложено, а нашите нации ќе продолжат да ги оценуваат и прилагодуваат нашите напори за да се обезбеди најефективна испорака на помош. Овој поморски коридор може и мора да биде дел од тековните напори за зголемување на протокот хуманитарна помош и комерцијални стоки за Газа преку сите можни рути“, се вели во заедничката изјава.