Владата на Србија ја покани Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да испрати набљудувачка мисија за претстојните локални избори во Белград, соопшти Кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ.
Како што се наведува во соопштението на 9 март, до Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) е испратено барање да испрати експерт за да помогне во подобрувањето на единствениот избирачки список.
Соопштено е дека на 8 март Брнабиќ во Белград одржала средба со шефовите на канцелариите на ОБСЕ и Европската унија (ЕУ) во Србија, Јан Брату и Емануел Жиофре, министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ и Комесарот за информации од јавно значење и заштита на лични податоци Милан Мариновиќ.
Видете и ова: Собранието на град Белград не е конституирано, официјално ќе се одржат нови избориСе додава дека Брнабиќ на средбата презентирала што е направено за ажурирање на избирачкиот список во Србија од 2012 година до денес.
„Амбасадорот Жиофре ја истакна важноста што ЕУ ја придава на брзото спроведување на препораките на ОДИХР за зајакнување на изборната рамка“, се наведува во соопштението.
По парламентарните и локалните избори на 17 декември, избори ќе се одржат во Белград по двата два неуспешни обиди за одржување на конститутивна седница. Одлуката ја донесе владејачката Српска напредна партија (СНС), чија листа го носи името на нејзиниот лидер и актуелен државен претседател Александар Вучиќ, поради неможноста да се формира влада во главниот град бидејќи не освои мнозинство од вкупниот број од 110 советници.
Демократската опозиција и набљудувачката мисија ЦРТА во декември изјавија дека власта систематски ги украла изборите, пред сè со тоа што ги донела граѓаните на Босна и Херцеговина и луѓето од градовите во Србија незаконски да гласаат за СНС, откако бретходно фиктивно биле регистрирани на адреси во Белград. Затоа тие побараа повторување на изборите во Белград и меѓународна истрага за нерегуларностите во изборниот процес во Србија.
Видете и ова: Ана Брнабиќ е кандидатка за претседателка на Народното собрание на СрбијаОДИХР на 28 февруари го објави конечниот извештај за изборите во Србија, во кој се наведува дека условите не биле еднакви за сите поради доминантното учество на претседателот на државата, Александар Вучиќ. Се додава дека се евидентирани притисоци врз вработените во јавниот сектор да гласаат за владата, злоупотреба на јавните ресурси во нејзина полза и медиумска доминација на Вучиќ.
На 8 февруари, Европскиот парламент (ЕП) во резолуција побара меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските избори и суспендирање на финансиите на ЕУ за Србија во случај да се докаже дека властите извршиле изборна измама.