Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Москва и Киев и дека „силно ќе придонесе“ во напорите за обновата на Украина по војната, која започна со целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.
Говорејќи покрај украинскиот лидер Володимир Зеленски кој беше во посета на Турција, Реџеп Таип Ердоган повторно повика на разговори меѓу Украина и Русија.
Видете и ова: Зеленски пристигна во Турција на разговори со Ердоган„Подготвени сме да бидеме домаќини на мировен самит на кој е присутна и Русија“, рече Ердоган за време на прес-конференцијата во Истанбул на 8 март.
„Додека ја продолжуваме нашата солидарност со Украина. Ќе продолжиме со нашата работа за завршување на војната со праведен мир врз основа на преговори“, рече Ердоган.
Зеленски, сепак, рече дека Москва нема да биде поканета на мировниот самит на високо ниво што Швајцарија го понуди да се одржи на пролет, иако додаде дека руски претставник би можел да биде поканет на следна средба откако ќе се договори патоказот за мир со Сојузниците на Киев.