Нов бран напади со дронови и во Украина и во Русија

илустрација

Русија и Украина објавија дека во текот на ноќта собориле десетици беспилотни летала, додека двете земји извршиле ноќни напади врз цели зад линијата на фронтот.

Беспилотните летала преполни со експлозиви или со напредни камери за надзор, се многу користени за време на двегодишната војна меѓу Русија и Украина.

Воздухопловните сили на Украина објавија дека Русија во текот на ноќта испратила 37 беспилотни летала камикази од типот Шахед и три проектили на украинска територија.

„Како резултат на борбени операции, 33 Шахеди беа соборени во регионите Кироворад, Одеса, Херсон, Миколаев и Харкив“, се наведува во пораката на Военото воздухопловство во Телеграм.

Видете и ова: Најмалку двајца загинати и 15 ранети во руско гранатирање

Во Москва, Министерството за одбрана соопшти дека пресретнало 16 украински беспилотни летала во петокот (8 март) во раните утрински часови.

Околу 15 од нив се уништени над јужниот регион Волгоград, кој е најблизок регион до фронтот во источна Украина на оддалеченост од околу 300 километри.

„Уште еден дрон е соборен над пограничниот регион Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Белгород беше цел на десетици гранатирања и воздушни напади откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.