Американскиот претседател Џо Бајден ќе објави дека американската војска ќе изгради пристаниште во Газа, за да може да стигне повеќе хуманитарна помош во областа, објавија американските власти на 7 март, пренесува Би-Би-Си.
Привременото пристаниште ќе ја зголеми количината на хуманитарна помош за Палестинците за „стотици дополнителни камиони“ дневно, соопштија официјални лица. Сепак, тоа нема да вклучува американски војници на теренот во Газа, рекоа тие.
Како што најавија американските власти, Бајден оваа информација ќе ја соопшти на Конгресот во четврток навечер.
Видете и ова: Хамас ги напушти мировните преговори на Египет со Израел„Вечерва, претседателот во своето обраќање за состојбата на нацијата ќе каже дека ќе и нареди на американската војска да спроведе итна мисија за воспоставување пристаниште во Газа“, изјави за новинарите неименуван висок американски функционер.
Бајден ќе го одржи традиционалниот претседателски говор среде кампањата за претседателските избори во САД закажани за крајот на годината, на кои се очекува тој да биде кандидат на Демократите.
Војната меѓу Израел и Хамас, палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, започна на 7 октомври, откако милитантите на Хамас убија речиси 1.200 луѓе во јужен Израел и киднапираа речиси 250 други.
Војната уништи големи делови од Појасот Газа и предизвика хуманитарна криза за 2,3 милиони жители на територијата.
Обединетите нации предупредуваат дека четвртина од населението е на работ на глад.