Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА.
Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“.
Премиерот Улф Кристерсон и ја предаде конечната документација на американската влада, што е последен чекор во долгиот процес за да се обезбеди поддршка од сите членки за да се приклучат на алијансата.
„Добрите работи доаѓаат кај оние што чекаат“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Знамето на Шведска, која од денеска стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел. Ова го соопшти генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг.
Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.
Видете и ова: Брисел предлага ревизија на европската одбранбена индустријаВлегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг.
Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, две години откако аплицираше и официјално стана 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување.
„Денес е навистина историски ден. Шведска сега е членка на НАТО. Ние ќе ја браниме слободата заедно со најблиските земји – и во однос на географијата, културата и вредностите“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.
Со приемот на Шведска, по Финска минатата година, сите земји со излез на Балтичкото Море, со исклучок на Русија, сега се членки на Атлантската алијанса.
Шведска и Финска, иако воено блиски со Соединетите Држави, историски претпочитаа да се држат настрана од НАТО, формиран за време на Студената војна против поранешниот Советски Сојуз. Иако Шведска придонесува за меѓународните мировни сили, таа не доживеала војна од конфликтот со Норвешка во 1814 година.