Делегација на Хамас, палестинската група која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, ги напушти преговорите во Каиро без договор за прекин на огнот во Газа, пишува Би-би-си.
Хамас, кој го напушти Каиро во четвртокот наутро, изјави дека по консултациите со раководството на групата, преговорите за примирје со Израел ќе продолжат.
Египетските и катарските преговарачи се обидоа да постигнат договор според кој Хамас ќе ги ослободи израелските заложници во замена за Палестинците во израелските затвори.
Израел не испрати делегација во Каиро, нагласувајќи дека најпрво бара список на преживеани заложници кои би можеле да бидат ослободени.
Видете и ова: Конвој од Светската програма за храна ограбен на влезот во ГазаХамас, од друга страна, тврди дека Израел не ги прифатил неговите барања раселените Палестинци да можат да се вратат во своите домови, ниту пак за целосно повлекување на израелските сили од градовите во Газа.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно го повика Хамас да го прифати планот за прекин на огнот со Израел пред почетокот на месецот Рамазан.
Сепак, посредниците во Египет допрва треба да ги надминат пречките во преговорите за прекин на огнот, додека Обединетите нации предупредија дека Палестинците заробени во борбите се соочуваат со глад.
Војната уништи големи делови од Појасот Газа и предизвика хуманитарна криза за 2,3 милиони жители на територијата.
Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври, откако членовите на Хамас убија речиси 1.200 луѓе во јужен Израел и киднапираа речиси 250 други.