Молдавската претседателка Маја Санду, која се очекува да го потпише клучниот договор за одбрана со Франција на 7 март, рече дека Москва планира да ја поткопа стабилноста на Молдавија и да ја попречи земјата од европската интеграција пред претседателските избори и референдумот за членство во Европската Унија (ЕУ).
Санду ги даде коментарите набргу откако молдавските разузнавачки и безбедносни служби објавија предупредување за плановите на Русија да ги спречи напорите на Молдавија да се отцепи од децениското влијание на Москва и да се приближи до Западот.
„Сите разбираме што сака Москва. Москва сака да ја дестабилизира ситуацијата во Молдавија, Москва сака да ги исплаши граѓаните на Молдавија, особено што оваа година ќе имаме референдум за влез во ЕУ - барем ова е мојот предлог и се надевам дека Парламентот на Молдавија ќе го поддржи“, изјави Санду за телевизијата Диги24 на 6 март, непосредно пред заминувањето за Париз.
Санду, која важи за прозападен политичар под кој Молдавија направи голем пресврт од Русија и се приближи до Европа, ќе се кандидира за втор мандат оваа година.
Видете и ова: Молдавија вели дека Русија планира да се меша во изборите и да ја саботира интеграцијата во ЕУВо 2020 година, таа го победи тогашниот претседател Игор Додон, кој имаше поддршка од Русија. Санду рече дека Молдавија воено се брани од евентуален руски напад од нејзиниот источен сосед Украина, која веќе две години се соочува со руска агресија.
„Москва нема начин да стигне до Молдавија, пред се затоа што Украина е нашиот штит, а Украина се спротивставува (на руската агресија) и ќе продолжи да се спротивставува. Второ, затоа што Молдавија има моќни пријатели кои избраа да бидат на страната на слободните во светот“, изјави Санду.
Францускиот претседател Емануел Макрон и молдавската претседателка Санду се очекува да потпишат билатерален договор за одбранбена и економска соработка.
„За време на нејзината посета ќе биде потпишан договор за одбранбена соработка и патна карта за економска соработка“, се вели во соопштението на Елизе Палас, не наведувајќи повеќе детали.
Видете и ова: Молдавија ги „расипа“ руските изборни планови во отцепениот Трансдњестар„Претседателот ќе ја повтори поддршката на Франција за независноста, суверенитетот и безбедноста на Република Молдавија, во контекст на руската агресивна војна против Украина“, се додава во соопштението.
Шефот на молдавското разузнавање Александру Мустеата на 5 март рече дека агенцијата што ја предводи има „некои информации“ за активностите што Москва планира да ги преземе оваа и следната година за да го загрози членството на земјата во ЕУ и да ја врати Молдавија под руско влијание.
Инаку, Франција и Молдавија во септември минатата година го постигнаа првиот договор за обука на воен персонал, редовни одбранбени консултации и размена на разузнавачки информации. Деталите за договорот меѓу двете земји не се објавени, но Макрон на 5 март рече дека западните и европските сојузници на Украина, исто така, треба да се фокусираат на зајакнување на безбедносната помош за Молдавија.