Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун извршил увид во теренската обука на војниците во голема воена оперативна база во западниот регион на земјата и наредил зголемена подготвеност за војна, објави во четвртокот севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Обиколката на базата, чија локација не е идентификувана, доаѓа по почетокот на годишните комбинирани воени вежби на американските и јужнокорејските сили во понеделникот (4 март), што двојно го зголеми бројот на војници во споредба со минатата година.
Видете и ова: Воени вежби на Јужна Кореја и САД поради заканите од Северна КорејаКим рече дека војската мора „динамично ги интензивира воените подготовки во согласност со барањата на преовладувачката ситуација“, објави КЦНА.
„Нашата војска треба постојано да ги интензивира вистинските воени вежби со цел брзо да ги подобри своите борбени способности за совршена воена готовност“, им рекол Ким на војниците, пренеува агенцијата.
КЦНА не соопшти дали Ким конкретно мислел на воените вежби на САД и Јужна Кореја.
Тој ги посетил војниците кои вршат маневри во реалниот живот под услови кои симулираат вистинска војна, објави агенцијата.