Кремљ „не ги признава“ налозите за апсење од Меѓународниот кривичен суд

Сергеј Кобилаш (лево), генерал-полковник на руската армија и Виктор Соколов, адмирал на морнарицата

Кремљ соопшти дека „не ги признава“ налозите за апсење издадени од Меѓународниот кривичен суд против двајца руски офицери обвинети за воени злосторства поврзани со бомбашките напади во Украина.

„Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут“ (основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд), зјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд“, додаде тој, пренесе агенцијата АФП.

Видете и ова: Во Хаг отворен Меѓународен центар за гонење злосторства од клучното обвинение против Кремљ


Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Сергеј Кобилаш, генерал-полковник на руската армија и Виктор Соколов, адмирал на морнарицата кој беше командант на руската Црноморска флота.

Тие се сомничат дека се одговорни за напади врз цивили, односно „предизвикување прекумерна штета на цивили или цивилни објекти“, наведе Судот и додаде дека тоа е означено како воено злосторство.

Се претпоставува дека тие се одговорни и за „нехумани дела“ кои се квалификуваат како злосторства против човештвото.

Во пролетта 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговата наводна улога во депортација на украинските деца.

Меѓународен центар за гонење на криминалот на агресијата (ICPA) беше отворен минатата гпдина, во канцелариите на правосудната агенција на ЕУ, Европравда. Вклучува обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој исто така се наоѓа во Хаг.

Видете и ова: Воените злосторства - дел од воената култура на Русија

Овој центар се обидува да пополни некои празнини во јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, што не му дозволува да гони злосторствата за агресија - клучно обвинение изнесено против Кремљ во неговиот неиспровоциран напад врз Украина во февруари 2022 година.

Русија негираше дека цели на цивили, и покрај доказите и сведоците за спротивното.Москва ја означи својата инвазија како „специјална воена операција“ и забранува употреба на зборот „војна“ во извештаите на Русија.