Кандидатката за претседател на Соединетите Држави, Ники Хејли изјави дека ја прекинува својата кампања по серијата порази на прелиминарните избори ширум земјата на 5-ти март, оставајќи го поранешниот претседател Доналд Трамп како единствен републикански кандидат на ноемвриските избори.
Хејли, која е поранешен гувернер на американската сојузна држава Северна Каролина и поранешен американски амбасадор во ОН, беше најистакнатиот ривал на Трамп за претседателската кандидатура.
Нејзиното излегување од трката ќе му овозможи на Трамп целосно да се фокусира на изборниот реванш со Џо Бајден на изборите во ноември, пишува АП.
Видете и ова: Резултатите од „Супер вторник“ поволни и за Трамп и за БајденПоразот на Ники Хејли во трката за номинација, исто така, претставува удар за оние републикански гласачи и финансиери кои силно се спротивставија на Трамп и неговите политички идеи.
Таа беше особено популарна меѓу умерените и високообразованите гласачи, за кои се верува дека играат клучна улога на претседателските избори.
Нејзините поддржувачи велат дека Хејли ги надминала сите очекувања со тоа што отишла дури дотаму што директно се кандидирала против Трамп.
Постои загриженост дали Трамп ќе успее да ја обедини поделената партија.
Хејли јасно стави до знаење дека не сака да биде потпретседател на Трамп, ниту да се кандидира на листата на некоја трета партија.