Од почетокот на годинава во Србија се регистрирани 849 случаи на голема кашлица, а два смртни случаи се пријавени кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци, соопшти на 5 март Јавниот здравствен завод на Србија „Батут“.
Од вкупниот број пријавени случаи, 66 или 7,8 отсто се хоспитализирани, а најголем број хоспитализирани се во возрасната група помлади од 12 месеци – 45 пациенти“, се наведува во соопштението на „Батут“.
Во јануари здравствените домови во Србија добија инструкции од „Батут“ да ги повикаат родителите чии деца не се вакцинирани.
Видете и ова: Зошто се враќа големата кашлица?Причина, меѓу другото, е значително зголемениот број на заболени од голема кашлица.
Вакцината против голема кашлица е задолжителна во Србија и се дава на бебиња од два месеци.
Големата кашлица е болест придружена со силна кашлица, чести епизоди и напади на отежнато дишење, сето тоа придружено со искашлување на слуз и често повраќање.
Освен во Србија, голем број на заболени од голема кашлица е забележано и во државите од регионот.
Во Северна Македонија најмногу заболени од голема кашлица има Скопје, каде од почетокот на годината, заклучно со понеделник, 4 март се регистрирани вкупно 123 случаи.