Од 15 март се очекуваат вакцини против пертусис за возрасни

Пункт Идадија во Скопје, вакцинација против голема кашлица, 12.02.2024

Комисијата за заразни болести предлага тестирање за голема кашлица на територија на цела Северна Македонија, а од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни. Ова го изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Мехмедовиќ вели дека вакциналните пунктови во Скопје, каде што има епидемија работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Видете и ова: Во следниот период ќе расте бројот на заболени од голема кашлица кај повозрасната популација

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се види состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца. Воедно и да се овозможи дигитална евиденција за вакцинација на децата.

Како што соопшти Мехмедовиќ, најмногу заболени од голема кашлица има Скопје.

Од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на главниот град Скопје, информираат од Центарот за јавно здравје.