Апелациониот одбор на рускиот Врховен суд на 4 март ја отфрли жалбата на претседателскиот кандидат Борис Надеждин на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му се забранува да се регистрира за претседателските избори од 15 до 17 март. Веста на Телеграм ја објави шеесетгодишниот академик и поранешен пратеник, роден во Узбекистан.
Врховниот суд минатиот месец отфрли две други жалби што ги поднесе поради одлуката на ЦИК да му забрани да гласа. Потоа покрена случаи за одлуки на ЦИК поврзани со собирање потписи за петиции за регистрација на неговата кандидатура.
Судот соопшти дека со својата последна пресуда, одлуките на ЦИК сега стапуваат на сила.
Видете и ова: Руската изборна комисија нашла „невалидни“ потписи во апликацијата на Надеждин
Борис Надеждин, кандидат за претседател на Русија, на 8 февруари изјави дека руската Централна изборна комисија му ја одбила апликацијата за кандидатура на изборите.
ЦИК претходно соопшти дека открила „неправилности“ во повеќе од 15 отсто од потписите за поддршка на апликацијата на Надеждин.
Надеждин, кој е роден во Узбекистан, беше поддржан од соработниците на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални и прогонетите опозиционери Максим Кац и Михаил Ходорковски, иако на изборите се очекува лесно да победи актуелниот претседател Владимир Путин, кој е на власт во Русија како претседател или премиер од 1999 година.